ФИФА го одби барањето на Лестер сити за Адриен Силва да биде регистриран за првенството, по завршувањето на крајниот рок. Наводно, од канцелариите на Лестер доцнеле само 14 секунди со исполнувањето на условите за регистрација, а имале и дополнителни два часа за да ги комплетираат потребните документи.
Адриен Силва ќе биде играч на Лестер, но без дозвола за настап на официјални натпревари, бидејќи „лисиците“ веќе исплатија 22 милиони фунти на Спортинг Лисабон. Португалецот во тимот требаше да биде замена за Дени Дринквотер кој замина во Челси, а може да се очекува Лестер да ја обжали одлуката во обид да го регистрира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Лестер го барал Клаудио Раниери да се врати
-
Алжирецот ќе го промени клубот: Марез ја напуштил репрезентацијата за да го комплетира својот трансфер