Италијанскиот фудбалски стручњак, Клаудио Раниери откри дека Лестер го барал повторно да ја преземе менаџерската функција.
Раниери пред две години го предводеше Лестер до најголемиот успех во историјата на клубот, шампион на Англија. Меѓутоа, поради лоши резултати во следната сезона, во февруари му беше врачен отказ и на негово место привремено, а подоцна и со договор беше поставен Крег Шекспир.
Откако оваа сезона, Лестер освои само девет бода од можни 27, Шекспир доби отказ, по што следел повик до Раниери.
– Не благодарам, бил одговорот на Италијанецот на понудата да се врати во неговиот поранешен клуб.
По негативниот одговор од Раниери, Лестер за нов менаџер го постави Клод Пуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Го прогласија за мртов, тој преку „Твитер“ демантираше
-
Лестер во проблем заради Адриен Силва: Го платија 22 милиони фунти, а не можат да го регистрираат
-
Алжирецот ќе го промени клубот: Марез ја напуштил репрезентацијата за да го комплетира својот трансфер