| четврток, 6 декември 2018 |

Реката Чикаго позелене

Прославата на Денот на Свети Патрик е традиција стара повеќе од илјада години, а се слави на 17 март, најмногу во Ирска. Ирците својата традиција ја раширија низ целиот свет, па на овој ден се носи зелена облека, се пие зелено пиво и се јаде ирска храна низ голем дел од светот.

На тој ден реката Чикаго традиционално се бои во зелено, што е традиционалната боја на овој празник.

Реката останува обоена од шест до 12 часа, а потоа постепено се враќа во првобитната состојба.

„Реката станува зелена со малку ирска магија, а многу портокалова боја“ е позната тајна, која секоја година ја откриваат Ирците во Чикаго.

Како изгледа боењето на реката погледнете во видеото

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top