| четврток, 6 декември 2018 |

Крвав празник: За Денот на независноста воена состојба на улиците во Чикаго, 15 мртви

Дури 102 огнени престрелки на Денот на независноста во Чикаго, град со околу 2,6 милиони жители, а во престрелките биле убиени 15 лица.
Веста за страшното насилство кое во текот на прославата на Денот на независноста се случувало на улиците на американскиот град Чикаго, го обиколи светот. Како што соопштила полицијата, најмногу огнени престрелки се случиле во понеденикот навечер, во јужните и западните делови на градот.
Во едно од пукањата, загинал 56-годишен маж, кој би убиен пред својата куќа.

Инспекторите веруваат дека повеќето убиства се поврзани со пресметки на банди, но дека алкохолот предизвикал многу други престрелки.
“Можам само да ви кажам дека не сме среќни. Воопшто не сме среќни”, рекол Кевин Наваро, прв офицер на чикашката полиција, пренеле тамошните медиуми.

Полицијата во Чикаго вработила дури 1.300 дополнителни офицери и извршила апсења пред викендот.
Овие мерки на 30. јуни ги наложил лично претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на “Твитер” напишал дека криминалот во овој град достигнал “епски размери”.

И покрај дополнителните меркии технологијата, само во текот на 4. јули имало осум убиства и шест убиства во раните утрински часови во среда.
“Шокантно е дека некој станува наутро и одлучува дека излегува за да пука во некој”, рекол Наваро.

“Улица на смртта” – Булеварот Гарфилд ги раздвојува клановите

Булеверот Гарфилд е една од најопасните улици во градот, а жртви се често и случајни минувачи.
Долгата улица ги дели дистриктите во кои се сместени по три или четири банди. Од другата страна е Вашингтон парк, каде се сместени уште три локални криминални кланови.


Членовите на бандите често наидуваат едни на други и без многу размислување пукаат на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top