Најчитаниот е-весник Дејли Меил од Лондон ја најави истрагата на новиот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Рекс Тилерсон, за Џорџ Сорос, Џес Бејли и за УСАИД во Македонија.
– Шест републикански сенатори напишаа писмо до американскиот државен секретар Рекс Тилерсон барајќи од него да се испита дали Џорџ Сорос финансира групи, користејќи американски долари од даночни обврзници во странство, за да избере политички победници и губитници – пишува „Дејли меил“.
Весникот пишува дека во писмото потпишано од сенаторите Мајк Ли, Тед Круз, Џим Инхоф, Том Тилис, Дејвид Пердју и Бил Касиди се сугерира дека парите течат преку УСАИД во рацете на Соросовата фондација „Отворено општество“, која им помага на левичарските политички лидери.
Републиканец од Јута, Мајк Ли изјави дека нему и неговите колеги сенатори им пришле странски претставници кои велат дека американските дипломати ги фаворизираат омилените политички страни и со средства на УСАИД поддржуваат „екстремни и понекогаш насилни политички активисти“, додека работат за да се маргинализираат лидерите кои се умерени и конзервативни.
– Овој вид политичко фаворизирање од нашите мисии низ целиот свет е неприфатлив – се вели во соопштението на Ли, јавува „Фокс њуз“, кој исто така го објави писмото на сенаторите.
Сенаторите користат две земји како примери во кореспонденција, а тоа се Македонија и Албанија.
– Во Македонија, средствата од УСАИД се наменети за фондациите на Сорос, што и дозволи на Фондацијата „Отворено општество – Македонија“ да им помогне во прогресивна агенда и поттикнување на политичката левица – пишува „Дејли меил“.
Нашата надворешна помош треба да се користи за промовирање на политичката агенда, ако тоа е во безбедносен или економски интерес на нашата земја да го стори тоа, па дури и правејќи го тоа мораме да бидеме внимателни и со почит да го правиме тоа. Ние треба да бидеме особено внимателни во промовирањето политики кои остануваат контроверзни дури и во нашата земја и кои имаат потенцијал да им наштетат на нашите односи со граѓаните на земјите корисници, се вели во писмото.
Сенаторите имаат слични барања и за Албанија, укажувајќи на тоа дека Фондацијата „Отворено општество – Албанија“, која е финансирана преку УСАДИ, стои зад планот на судските реформи кои би му дале на премиерот и неговата левичарска влада целосна контрола врз судската власт.
Почитувани албански лидери, велат сенаторите, се приклучија на тврдењата дека американски дипломати и организации поддржани од Сорос ги здружија силите за да помогнат во одредени политички резултати.
– Сметаме дека овие извештаи се поразителни и ако сето тоа е точно, тогаш е многу проблематично, се вели во заедничката изјава на сенаторите во кои го повикуваат Тилерсон да почне истрага пренесена од весникот.
Почетокот на новата администрација, тврдат сенаторите, е добро време да се добијат информации за тоа каде одат даночните обврзници од Стејт департментот.
„Ние мора да го искористиме овој критичен момент додека сме на почетокот на новата администрација за да прегледаме како сите нашите даночни долари се искористуваат, за да се запрат активностите кои поттикнуваат политички немири, непочитување на националниот суверенитет и граѓанското општество, и на крајот ги поткопуваат нашите обиди да се изградат корисни меѓународните односи“, се вели во писмото, а пишува „Дејли меил“.
Под текстот можат да се забележат и многубројните коментари на читатели кои остро го осудуваат Сорос повикувајќи „некој да ја неутрализира таа стара будала“.
-Сорос изгледа и се однесува како чудовиште!
-Олицетворение на злото кое стои зад најголемиот дел од хаосот во целиот свет!
-Шест многу храбри сенатори, се само дел од коментарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.