Заканата од нуклеарен напад врз Јапонија и Јужна Кореја од Северна Кореја е реална, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон.
– Заканата од севернокорејски нуклеарен напад врз Сеул и Тико е реална и веројатно само прашање на време е кога Северна Кореја ќе развие капацитети за извршување напад на територијата на САД, изјави Тилерсон, кој претседаваше со вонредна седница на Советот на министерско ниво.
Тој додаде дека „сите опции за одговор на идни провокации треба да останат отворени на маса“.
– САД не се стремат кон смена на режимот во Северна Кореја, нагласи Тилерсон.
Според него, сега е време за нов притисок врз Северна Кореја за да се откаже од опасното однесување на властите. Тилерсон повика за нови санкции против Пјонгјанг и предупреди дека ако СБ на ОН не преземе акција против севернокорејската програма за вооружување, тоа ќе има катастрофални последици.
– Неопходно е меѓународната заедница да продолжи со засилена финансиска изолација на Пјонгјанг, повика Тилерсон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Северна Кореја се подготвува да лансира разузнавачки сателит