| четврток, 6 декември 2018 |

Тилерсон ги повика арпските земји заедно да пронајдат решение

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека четирите арапски земји кои го бојкотираат Катар, би требало заедно да седнат и да се обидат да дојдат до решение на актуелната криза. ­

– Следен продуктивен чекор, за секоја од земјите, би бил да седнат заедно и да го продолжат разговорот. Веруваме дека нашите партнери и сојузници се посилни кога заедно работат за иста цел, а за која сите сме согласни дека е запирање на тероризмот и бормата против екстремизмот, се наведува во соопштението на Тилерсон.

Тој оцени и дека стишувањето на реториката би помогнало да се смалат тензиите. Тилерсон нагласи дека САД ќе останат во контакт со сите вклучени земји.

Саудиска Арабија, Египет, Обединети Арапски Емирати и Бахреин ги прекинаа врските со Катар поради поддршка на тероризмот, обвинение повторено и од претседателот на САД, Доналд Трамп. Арапските држави доставија листа на барања и поставија рок од десет дена за исполнување на истите, во кои е вклучена и исплата на непрецизирана сума на отштета.

Катар ја разгледал листата со барања упатени до оваа земја од страна на четири арапски земји, неопходни за нормализирање на меѓусебните односи. Сепак, малиот, но богат и влијателен емират во Персискиот Залив овие услови ги оцени како неразумни и неостварливи.

Барањата предвидуваат 13 точки, меѓу кои се бара Катар да ги прекине сите врски со движењето Муслиманско братство и со други групи како Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top