| четврток, 6 декември 2018 |

Големо интересирање за поезијата на Урошевиќ во Софија

Пред преполна сала на книжарата Хеликон, пред бројни претставници од културниот и литературниот живот на Софија, синоќа заврши промоцијата на второто дело издадено на бугарски јазик на академик Влада Урошевиќ, „Митологија на сонот“, пишува порталот „МКД.МК“.

Творечкиот опус на академик Урошевиќ пред публиката во Софија го претставија лауреатот на Струшките вечери на поезијата Љубомир Левчев, литературниот критичар Јордан Ефтимов, преведувачот на стихозбирката Роман Кисјов и директорот на македонскиот КИЦ во Софија, Васко Шутаров.

mkd-54052

Голем беше интересот и на медиумите за овој настан, со настап на Влада Урошевиќ на една од бугарските телевизиски програми, како и гостувањето во неколку значајни радиопрограми.

Македонскиот писател, само неколку дена пред своето претставување во Софија, гостуваше на меѓународниот поетски фестивал „Славјанска прегратка“ во Варна, каде стана добитник на главната награда „Златно летечко перо“, за својот севкупен литературен опус, соопшти Културно-информативен центар на Република Македонија во Република Бугарија.

фото:МКД.МК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top