| четврток, 6 декември 2018 |

Османи возврати на навредите од Богоевски

На заканите и навредите на Павле Богоевски, кои денеска пратеникот на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“ ги упати кон ДУИ и нивниот лидер Али Ахмети, одговори Бујар Османи.

Портпаролот на ДУИ посочи дека ДУИ не е македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија, туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година.

– Главна грешка на експонентите на македонските партии е тоа што тие политиката на ДУИ ја оценуваат врз призмата на нивните партиски интереси во нивната борба за власт. ДУИ не е македонската политика сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година и гаранцијата на западот во форма на рамковен охридски договор, тоа е единствениот патоказ на нашата политика а не калкулациите не македонските партии за власт – рече Османи, пренесува албански Журнал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top