Фудбалерите на Јувентус со две победи и вкупни 3-0 го елиминираа тимот на Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите и обезбедија место помеѓу најдобрите осум. По завршувањето на натпреварот голманот на Јувентус Џанлуиџи Буфон изјави:
– Повторно сме помеѓу најдобрите осум клубови во Европа и поради тоа секако дека сме задоволни. Искрено, верувам дека годинава можеме да стигнеме до трофејот, нешто што е наша желба уште од пред пет години. Не се оптоваруваме со нашиот следен противник, но од сите екипи не би сакал да се сретнеме со тимот на Лестер. Тоа е екипа која може секому да создаде големи проблеми.
Јувентус во Лигата на шампионите освои две титули, а последната во далечната 1995/96. Одтогаш фудбалерите на „старата дама“ беа дел дури од четири финални натпревари, но во сите се поразени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.