| четврток, 6 декември 2018 |

Се огласи готвачката на Ѓоковиќ: Полесно е јас да бидам виновникот за лошата форма на Ноле

novak gjokovic

Српските медиуми вината за лошата форма и за слабиот изглед на Новак Ѓоковиќ ја бараат во неговата поранешна готвачка Маја Волк. Иако неговата лоша форма се шпекулираше дека е поради недоразбирањата со неговата сопруга, сепак, според навивачите, за тоа е виновна веганската исхрана (не јаде ништо што има животинско потекло), која ја приготвува Маја Волк.

Според српски „Курир“, Ѓоковиќ веќе ја прекинал соработката со Волк, но поради последните обвинувања се огласи и готваќката:

– Секогаш кога Ноле ќе биде поразен за тоа веднаш е виновна Маја и нејзината кујна, што, едноставно, се големи невистини. Поради тоа имам големи непријатности, бидејќи многу полесно е да бидам нападната јас, отколку Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ боледува од болест на тенкото црево и поради тоа мора да се храни со храна што не содржи глутен. Ѓоковиќ е еден од најзаслужните за подемот на безглутенската храна на светскиот пазар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top