Италијанскиот првак Јувентус ќе го има и репрезентативецот Џорџо Кјелини во својот состав за утрешниот реванш осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Порто што ќе се одигра во Торино. Дефанзивецот се опорави од повредата, го одработи максимално последниот тренинг и се најде на списокот на тренерот Масимилијано Алегри за вторите 90 минути против Порто. По првиот меч во Португалија, „старата дама“ има предност од 0-2.
– Кјелини е максимално подготвен и тоа е опција повеќе за нас. На мечот му приоѓаме максимално сериозно и воопшто не не залажува предноста што ја имаме од првиот натпревар. Ова е Лига на шампиони, и тука играат најдобрите клубови во Европа, па секое потценување може да биде кобно – порача тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.