Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини германската канцеларка Ангела Мерјел дека поддржува терористи на територијата на нејзината земја, јави ДПА.
– Почитувана Меркел вие поддржувате терористи, рече Ердоган во интервју, емитувано во живо на телевизијата „А Хабер“.
Турскиот претседател исто така ја обвини германската државна телевизија дека поддржува терористички организации и води пропаганда против претседателскиот систем.
Тој не изнесе детали, но се претпоставува дека зборува за Курдската работничка партија (ПКК), која ЕУ ја смета за терористичка организација, додаде ДПА.
– Германија безмилосно им дава поддршка на терористите. Во Германија испративме 4,5 ијади досиеја на терористите, рече Ердоган имајќи ги предвид членовите на ПКК и на организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, јави ТАСС.
– Меркел ти поддржуваш и раниш терористи. Ние предадовме 4,5 илјади досиеја, но во однос на нив не се преземени никакви активности, додаде тој.
Ердоган го нарече „шпион и терорист“, германскиот новинар од „Велт“, Дениз Јуџел, кој беше уапсен во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.