Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го соопшти списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар против Лихтештајн кој не очекува на 24. март во Вадуц.
Без посериозни промени во составот, Ангеловски ќе атакува на трите бода од пресметката со Лихтештајн во квалификациите за СП 2018. За првпат повик од Ангеловски добива офанзивецот на хрватски Осијек, Музафер Ејупи, а враќање во националниот тим има и за Иван Тричковски кој игра во одлична форма.
За Лихтештајн отпаднаа Енис Барди и Стефан Спировски поради повреди, а поради жолти картони право за настап нема Езгијан Алиоски кој е повикан за пријателскиот натпревар со Белорусија кој три дена подоцна го играме во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.