Издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, која годинава прославува 25 години од своето постоење, во својата богата ризница деновиве ги приопшти и двете нови книги од кинескиот автор Јиди Мајиа.
Станува збор за делата „Во име на земјата и животот“ и „Зборови на огнот“.
Книгите ги преведоа Хуанг Шаозенг, Денис Маир, Жарко Милениќ и Павлина Тасева, а Јиди Мајиа епопуларен и познат современ кинески писател.
Во име на земјата и животот е есеистичка, а Зборови на огнот е поетска книга. Книгите ќе бидат промовирани во почетокот на април на меѓународниот саем на книгата во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.