Противници, тешки и по 150 килограми, имале страв во коски кога ќе го виделе и ретко кој од нив сакал да влезе во ринг со него. Впрочем, ретко кој сакал да биде во негова близина. Многумина велат дека го губеле натреварот во истиот момент кога ќе го погледнат, а тренерите на неговите противници го обвинувале дека користи стероиди и е човек-експеримент.
Александар Карелин е најголемиот шампион во историјата на борењето. Висок е 192 сантиметри со тежина од 130 килограми, моќен и немилосрден. Овој Русин три пати бил олимписки шампион и 12 пати шампион на Европа. На прашањето што мисли за тоа дека сите се плашат од него, тој одговорил:
– Моите противници не разбираат. Јас секој ден тренирам како што тие никогаш не тренирале во својот живот.
Во 13 годишната меѓународна кариера има само два порази и тоа еднаш се борел со сериозна повреда во финалето на Олимписките игри во Сиднеј. Севкупно, Александар учествувал во 889 наптревари, во кои само два пати изгубил.
Еднаш од големиот советски шампион Игор Раструтског во 1987 година, и втор пат од Американецот Рулон Гарднер во финалето во 2000 година. Иако 15-тина години подоцна сите велат дека и тогаш требал да победи Александар, бидејќи Рулон го добил натпреварот на поени.
– Постои една работа која треба да ја знаете за Алксандар. Тоа е неговата сила, тоа не е човечка сила, изјавил Мич Хул, долгогодишен директор на американскиот боречки тим.
Карелин почнал да тренира борење на свои 13 години во неговиот роден град – Новосибирск, во Сибир. На еден од неговите први натпревари скршил бутна коска, по што неговата мајка му забранила да се занимава со борење. Но тој на ова барање не се согласил, одлучил да продолжи да се бори и да стане најдобар. Како што самиот раскажал, трчал со часови по снегот, веслал по сибирските езера се додека рацете не почнат да му крварат. И така со денови, со месеци…
Освен по својата неверојатна сила, тој станал познат по Карелиновиот дизајн, потег кој единствено тој можел да го изведе во тешка категорија во кој противникот, некогаш тежок и до 150 кила, кој лежи со лицео кон подот, да го фати за грб, да го крене во воздух и да го фрли силно на земјата. Овој потег во борбите му носел максимални 5 поени.
Од борењето Александар се повлекол по поразот на Олимписките игри во 2000 година. Се посветил на науката и во 2002 докторирал на Сибирската академија за физичка култура. На лична покана на Путин започнал и политичка кариера. Неколку пати со сега бил избран за член на руската Дума, а бил и член на Комитетот за меѓународни односи на рускиот парламент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.