| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на театарската претстава „Експеримент“ во МКЦ

По успехот на првата театарска претстава во продукција на здружението АРТОПИЈА, „Да го поздравиш и да ми го бациш“, новиот театарски продукт претендира да го задржи континуитетот на критика на негативните општествени појави и цели да го збогати диверзитетот во театарскиот израз на независната театарска сцена во Македонија

В петок, на 9 јуни во 20 часот во кино „Фросина“ во Младинскиот култерен центар (МКЦ) е закажана премиерата на тетарската претстава „Експеримент“, по текст и режија на Јане Спасиќ, а во продукција на здружението АРТОПИЈА –  Скопје.

По неа следуваат две репризни изданија, в недела (18.06.) и понеделник(19.06.) исто така во „Фросина“ од 20 часот.

 

По успехот на првата театарска претстава во продукција на здружението АРТОПИЈА, „Да го поздравиш и да ми го бациш“, новиот театарски продукт претендира да го задржи континуитетот на критика на негативните општествени појави и цели да го збогати диверзитетот во театарскиот израз на независната театарска сцена во Македонија.

Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.

Група на фантазмагорични суштества, буфони, ги поседуваат сите искуства и мемории на човештвото. Нивна единствена цел е да го набљудуваат човекот, да бидат негово „критичко огледало“ и еднаш годишно да „мигрираат“ во реалниот свет за да му укажат на грешките. Доаѓа денот од годината кога треба да се „мигрираат“ во реалниот свет и повторно да огласат пред луѓето, но по кратко согледување на ситуацијата буфоните констатираат дека човекот постојано ги повторува истите грешки и нема капацитет да согледа дека тоа го води кон самоуништување. Решаваат да го откажат доаѓањето во реалниот свет бидејќи им се чини бесцелно, но сепак, еден од буфоните не сака да се откаже од човекот, наоѓа уникатен мемориум и успева да ги убеди дека можеби треба да се огласат за последен пат.

Режисер на претставата е Јане Спасиќ, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.

Билетите можат да се набават на билетарницата на МКЦ, по цена од 300 денари.

Премиерата на претставата е во склоп на овогодинешното издание на фестивалот Здраво Млади (т.н. нулти ден на Здраво Млади 2017), па по премиерата следува одлично музичко освежување.

На 9. јуни, на платото пред МКЦ, по 22:00 часот следува музички сет на DJ Fitz, кој го паметиме по минатогодишниот настап на Cinedays, во тандем со холивудскиот актер Elijah Wood.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top