| четврток, 6 декември 2018 |

Снимка од убиството на рускиот борач Јуриј Власко

Снимката од последните моменти од животот на рускиот борач Јуриj Власко објавен е на социјалните мрежи. Власко е убиен кон крајот на јули во Буратија.

На снимката се гледа како еден од напаѓачите го прободува Власко во градите. Кога борачот паднал на земја, друг напаѓач му пришол и го удрил неколку пати по глава, а двајцата напаѓачи кои имаат криминални досиеја, продолжиле да го удираат Власко. Напаѓачите се уапсени и се соочуваат со потенцијални доживотни казни. До судирот дошло кога Власко со пријателите го посетил Бајкалското езеро во текот на турнирот во борење во престолнината на Буратија, Улан-Уде. Власко на тој турнир освоил злато. Погребан е во понеделникот во Ос, каде што е роден, пишува „Раша тудеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top