| четврток, 6 декември 2018 |

Не пиел кафе еден месец: Еве што се случило со неговото тело

Лео Бабаута решил да прави експерименти со цел да си го испита и подобри здравјето. За почеток, цел месец се откажал од кафето и пијалаците со кофеин. Лео признава дека било тешко и речиси незамисливо и имал неколку очајни обиди да си го прекрши експериментот. Очекувал симптоми за одвикнување, како главоболки и грозници, но се изненадил затоа што немало ништо од очекуваното.

Лео често пати се будел наспан многу порано од алармот и бил сконцентриран од рано наутро. Единствен проблем му бил мирисот на кафе. Кога гледал како другите пијат кафе ја немал таа желба како кога ќе помирисал шолја кафе. Но, и тоа го издржал.

Најголемите проблеми ги имал по мрсните и зачинети оброци. Жедта ја гасел со вода, но имал потреба за силно кафе веднаш по оброкот.

Комбинацијата од масти и зачини очигледно е замката која треба да ја избегнувате ако сакате да се откажете од кафе.

Што научил Лео по само 1 месец без кафе?

– Мислев дека откажувањето ќе ми биде многу потешко отколку што навистина беше. Но, да имаш навика со која ќе го замениш утринското и попладневно кафе навистина помага.
Почестете се со шолја топол и вкусен чај. Парче пица или мафин? Зошто да не? Уште една важна работа – знајте дека потребите и нагоните се моментални, дури и оние најсилните – вели Лео.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top