| четврток, 6 декември 2018 |

Исповед на жената која му спремаше веганска храна на Ѓоковиќ: Ме распнаа, јас бев крива за секој пораз

Nole-i-hrana-620x350

Последниве неколку месеци на големо се зборува и пишува за падот во формата на Новак Ѓоковиќ, а многумина, особено во Србија, причината за тоа ја бараат во промената на неговата исхрана и тоа што Новак прешол исклучиво на веганска храна. Неретко по поразите можат да се слушнат и коментарите дека е преслаб и дека мора да јаде месо.

Жената која му ја подготвувала вегенската храна на семејството Ѓоковиќ, професорката на Факултетот за драмски уметности и драматург, Маја Волк, дала интервју за магазинот Стар во кој говорела за тоа како дошло тие да ја ангажираат, но и за коментарите, па и обвинувањата кои ги добивала по поразите на Новак.

– Ние немавне никаков потпишан договор, ниту јас им бев личен готвач. Им спремав по порачка, а тие ми плаќаа и тоа беше тоа. Се беше на пријателска база, а сега мислам дека имаат и друг готвач. Јас никаде не кажав дека соработувам со нив, додека тие не ми рекоа – Мајо, ние ќе објавиме, а ти спреми се за навала од медиумите и сето тоа што следи. Морам да признаам, јас бев тотално неспремна за сите тие обвинувања, изјавила Волк.

12998406_1121152867937563_603322893491243338_o

– Мене ме распнаа. Секогаш кога Новак ќе изгубеше меч, веднаш за тоа бев крива јас и мојата исхрана. Тоа се будалаштини. Доживеав повеќе непријатности заради тоа и најлесно беше да ме обвинат мене. Ме беше многу стресно да ме криват за некој негов повремен неупех, не очекував мои блиски луѓе така да реагираат. На крајот на краиштата, јас никому на сила не му туркав храна во уста. Во сите тие коментари и обвинувања од јавноста има еден куп незнаење и малициозност и пред се е многу неубаво спрема Новак тоа што се пишува, истакнала Маја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top