Доколку судиме според проценките на теоретичарите кои се специјализирани за крајот на светот и пророштвата на Маите, Земјата може да ја снајде зла судбина, откако мистериозно космичко тело – бинарна опозиција на нашето Сонце ќе се судри во нашата планета.
Давид Меаде, автор на книгата „Планета Икс – пристигнување на 2017“, верува дека големата ѕвезда на смртта, која со себе ја носи планетата Нибира, ќе ја избрише земјата во октомври оваа година. Тој тврди дека планетата е тешко воочлива поради аголот под кој и се приближува на земјата, но нејзиното доаѓање наводно е неминовно.
Меаде во својата книга ова сценарио го поткрепува со многу научни и астрономски докази, иако читателите предупредуваат дека по четириесетата страница, Меаде станува премногу религиозен и апокалипсата ја објаснува со реченицата „Бог рече така во Библијата“.
Претприемачот Роберт Вичино за „Дејли Мејл“ истакна дека пророштвото би можело да биде точно и открива дека светските елити веќе одамна се припремаат за крајот на светот.
– Нема сомнеж дека Нибиру доаѓа и ќе биде со епски размери – вели Вичино.
Вичино е сопственик на фирма која гради подземни бункери кои би требало да го заштитат човечкиот живот од последиците од разурнувачките судири на површината на Земјата.
Сепак, научната заедница не е убедена во постоењето на планетата Нибиру, која НАСА никогаш не ја пронашла на вселенската карта. Покрај ова, Нибиру е споменат веќе во 2012 година кога според пророштвото на Маите, Земјата требало да ја погоди апокалипса, како и во 2015 година кога во декември крјаот на светот требало да ја збрише човечката раса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несреќа во Германија, најмалку 11 луѓе се повредени при судир на воз и камион
-
Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!
-
Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево
-
Шлепер го смачкал автомобилот: Загинала девојка, пожарникарите со часови го сечеле возилото за да дојдат до телото