Извори на „Минус инфо“ на еминентниот извртувач и подбуцнувач Зеро, пренесуваат дека во крајна фаза е исполнувањето на единствениот, нов услов од албанскиот претседател Бујар Нишани, кој за да му даде на Заев мандат за формирање влада место Иванов, вметнал и анекс во тиранското писание. Портирот од „павел Шатев“ им соопштил дека по пуштањето на Верушевски од притвор и неговата аболиција од Катица, во СДСМ никој веќе не ни помислувал да зборува на мобилен или фиксен, па така Нишани се чул со Заев на специјалната врска, обезбедена од чадорот.
Бујар му пренел на Зоран дека, на заминување, заедничкиот пријател, ексдиректорот на ЦИА и коавтор на платформата Џон Бренан, му порачал дека доколку дојде до барање изим од Заев за мандат за формирање Влада во Македонија, како краен чин за заокружување на прикаската, тој ќе мора да го смени името и да земе албанско. Тоа што ќе речел Бренан било свето, па макар заминат, Заев морал да го стори тоа, му објаснил Бујар.
Зоран размислувал цели три секунди, но откако сфатил дека претходно без проблем ја продал и сопствената нација за власт, без проблем со согласил на побараното. Лидерот веднаш свикал и прес-конференција пред Влада, каде што вечерта на 11 декември прогласи и победа, излажан од чадорот за резултатите.
Насмеан до уши, видно расположен и со растреперен глас од возбуда Заев на импровизираната говорница на Бени со торжествен тон соопштил:
Граѓани мои, дојде и конечната победа! Нека пукне од мука Иванов, утре ќе го добијам мандатот од Нишани! Јуууу-хууу, бидна нашето, ја остваривме целта! Од утре владеемеее!
Од стотината едвај собрани социјалдемократски грла се зачуло:
Зоки мандатар, Зоки мандатар, Зоки мандатар, Зоки мандатар! По што Заев уште понасмеан ги прекинал.
Не, не, ве молам! Ве собрав за да ви соопштам и дека иако власт добивме, промените продолжуваат! Од денеска јас се викам Агим! Тоа беше и единствениот услов од Нишани, да го сменам името и да земам албанско. Вчера поднесов барање, денеска веќе, со малку врски де, во извод сум Агим Заев! Се решив за Агим, затоа што има исто значење со моето поранешно име Зоран и значи зора, раѓање на денот! Сунет на „моја рака“ направив уште во Берн!
Агим мандатори, Агим мандатори, Агим мандатори, Агим мандатори! – Завикале пресреќни и во силна екстаза социјалдемократите, на кои лиги им потекле оти веќе го почувствувале вкусот на власта, ама спасителот повторно ја прекинал катарзата.
Морам да ви признаам, не ми беше лесно! Размислував три секунди, ама мандат е мандат, немам јас комплекс од промени, граѓани мои шарени и напатени од безвластие. Сфатив, дека за власт сум роден и дека без проблем сум подготвен и родената мајка да ја продадам, името на државата, химната, знамето, грбот и парите да ги променам, јазикот да го уништам, идентитетот! Така што, ова е најмала жртва од мене, а не е ни жртва, ќеф ќе ми биде Агим да бидам! Сѐ за власт! Нема компромис за правење компромиси, ова е нашата нова и малку парадоксална девиза, исто како нас!
По ова, Агим Заев им мавнал за поздрав и со овации на отворена сцена заминал кон седиштето, силно прегрнат со Мухи со малиот пенис, кому му ветил дека ќе му го „среди“ комплексот и ќе го прати на операција во Ленгли САД, во седиштето на ЦИА. Го планирал за кандидат за претседател, консензуален, се разбира. На Шилегов, пак, му ветил дека на владин трошок ќе го прати во „Бети Форд“, Павле на шарена целотелесна јакуза-тетоважа во Токио, а Рада на безлимитно пазарење во Дубаи, Париз, Лондон, Њујорк и во Москва. Самка ќе ги добиел третманите на Мајкл Џексон, а беспомошни биле само со Ременски. Пластичарите од Холивуд само дигале рамена и објаснувале дека се хирурзи, но не и волшебници.
Веста за Агим и за мандатот предизвикала раздвиженост во седиштето, каде што членовите на СДСМ оделе на бајачки и правеле сѐ само за да го заборават Иванов, од чијшто лик навечер сонувале кошмари и се буделе облеани во силна пот. Психијатрите увезени од Ленгли, како дар на заминување, веќе работеле во три смени со врхушката, стратезите и со јуришниците. Преку третмани и психоанализи ја бришеле меморијата од минатите 11 години, тешки и тегобни, полни со безвластие за нив. Извори од процесот за Гладен од „24 паравести“, пренеле дека и покрај најсовремените методи, сепак, за дел од врхушката и стратезите на СДСМ немало спас.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.