| четврток, 6 декември 2018 |

Отсега мечевите во Дејвис купот ќе се играат во два добиени сета

novak djokovic

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) го ограничи бројот на сетови во мечевите од Дејвис купот на три, наместо досегашните пет. Одлуката е донесена на седницата на Управниот одбор на ИТФ во Индијан Велс каде почна првиот Мастрес турнир сезонава.

Новак Ѓоковиќ и многу други тенисери се жалеа дека им е пренапорен актуелниот формат во Дејвис купот со три дена мечеви на три добиени сета. Според новите правила, Дејвис купот ќе се игра во два дена, а мечевите ќе бидат на два освоени сета.

Новиот формат треба да биде усвоен на состанкот на ИТФ во август, а според новите правила треба да се игра од следната сезона. Иако нема подеталнио официјални информации, мечевите од Дејвис купот веројатно ќе се играат на ист начин како женскиот Фед куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top