| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија

Најавена Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија, каде измените нема да се “козметички” туку историски погубни за Македонската држава и Македонската нација.

Премиерот Зоран Заев ја објасни промената на Преамбулата на Уставот на РМ, во однос на спомнувањето на АСНОМ, а согласно Договорот со Грција. Тој рече дека сега во Преамбулата ќе стои Прогласот, а не како досега одлуките на АСНОМ и истакна дека Охридскиот рамковен договор е составен дел од новата Преамбула.

Имено, досега во Уставот се споменуваат одлуките на АСНОМ, во кои, како што рече Заев, има една реченица во која се повикува на обединување со Македонците од Грција и Бугарија.

,,Тоа не е во согласност со новите принципи на градење на пријателство со соседите“. -рече Заев, па затоа сега во Преамбулата ќе стои Прогласот на АСНОМ.

Прогласот го нема тој дел и тоа е фер пристап на градење на пријателство со соседите, реше Заев.

Имено ова е содржината на актуелната Преамбула на Уставот на Република Македонија:

Граѓаните на Република Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучија да ја конституираат Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Македонија.

Новиот текст на идната Преамбула на Уставот на Република Северна Македонија неофицијално ќе гласи:

Граѓаните на Република Северна Македонија, македонскиот народ, албанскиот народ како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на нивната татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавањеграѓанска и демократска држава, одговорни пред идните генерации за зачувување и развој на сè што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Северна Македонија, еднакви во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Северна Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република, Прогласот од АСНОМ од антифашистичката Народно ослободителна борба, како и на Референдумот од 8 септември 1991 година и Охридскиот рамковен договор, одлучија да ја конституираат Република Северна Македонија како самостојна, граѓанска држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав на Република Северна Македонија.

Со ова од АСНОМ се бришат:

Манифестот на АСНОМ

Решение за прогласување на АСНОМ за врховно законодавно и извршно тело на демократска Македонија

Декларација на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија

Решение на АСНОМ за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава

Решение на АСНОМ за прогласување на Илинден – 2 август за народен и државен празник на македонската држава

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top