Измените на Законот за работни односи се во собраниска процедура, а со нив се воведуваат повеќе новини кои директно се однесуваат на договорот за вработување, годишниот одмор на работниците, исплатата на приправниците, пробната работа и испратнината.
Како што пишува веб порталот Академик.мк со законските измени ќе се прошири забраната за дискриминација на вработените на определено време и тоа не само во однос на условите за вработување, туку и на сите права и обврски кои произлегуваат од работниот однос.
Дополнително, се намалува времетраењето на рокот за пријавување на јавниот оглас од 5 на 3 работни дена.
Член 4 предвидува обврзувачка содржина на договорот за работување, со што работниците со потпишување на договорот точно ќе знаат кои се нивните права и обврски.
Намалување на периодот на пробна работа од 6 на 4 месеци.
Понатаму, законските промени допираат и во деловите кои се однесуваат на допрецизирање на причината кога работодавачот може да го предупреди работникот во постапка пред откажување на договорот за вработување, односно при постоење на лична причина на страна на работникот; давање на правен основ престанокот на работниот однос од деловни причини да се врши врз основа на критериуми од колективниот договор и критериуми за заштита на инвалидни лица, самохрани радители и родители на деца со посебни потреби; и се утврдува рокот во кој работникот треба да го подобри своето работење (15 дена).
Член 14 предвидува зголемување на процентот на минималниот износ на плата за приправник од 40 на 70 проценти.
Еднаков годишен одмор ќе користат работници кои работат шест дена во неделата со работници кои работат пет дена во неделата.
Останатите законски измени прочитајте ги на Академик.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања
-
Ова е новата Преамбула на Република Северна Македонија
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Среде кампања за референдум фрштат огласи за работа во администрација