| четврток, 6 декември 2018 |

„Информер“: Заев призна дека прави Голема Албанија: Нема сомнение дека Албанците своите опасни планови сакаат да ги остварат преку Македонија!

Лидерот на СДСМ за ХРТ изјави дека Македонија не е само македонска туку и албансла земја. Најави федералицазија, промена на државните обележја, како и дека ќе ја обвини Србија за геноцид над Албанците во Македонија, пишува српскиот медиум „Информер.рс“.

Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев, кој со албанските партии сака да формира влада во Скопје призна дека прави „Голема Албанија“.

Тој во интервју за ХРТ во неделата навечер шокираше со изјавата дека Македонија не е маедонска, туку албанска.

Само потпис во Тирана

– Македонија не е само земја на Македонци, туку и на Албанци. Ако јавно ги нападнете граѓаните кои сочинуваат 20 проценти од населението на Македонија тие ќе се бранат, истакна Заев.

 

Тој призна  дека условите на албанските партии кои ги прифатил за со нив да формира владина коалиција, ги диктирал албанскиот премиер Еди Рама.

-Причината зошто не добив мандат се оправдува со тоа дека таа декларација на албанските партии е потпишана во Тирана. Но, таа е составена во Македонија, како дел од нивните предизборни програми. Само се состануваат во Албанија за партиите на албанскиот блок да се состанат на едно место, рече лидерот на СДСМ.

Во склад со таа албанска платформа Заев планира да изведе федерализација на земјата, промена на државните обележја и да ги прилагоди кон албанските, да ги смени парите и да ги изедначи албанскиот и македонскиот јазик.

-Се тоа се работи за кои ќе разговараме. Зошто би било проблем да се разговара за тоа?, праша лидерот на СДСМ.

Иако во јавните настапи, Србите ги нарекува свој братски народ, Заев призна дека има намера Србија да ја обвини за геноцид над Албанците во Македонија, кој наводно се случувал во периодот од 1912 до 1956 година.

-Постои една формулација во која се осудуваат војските од минатиот век поради убивање на цивили. Во тоа нема ништо лошо. Некои алудираат на тоа дека тоа била српска војска, некои дека била германска, италијанска или бугарска војска и тоа во време на фашизмот и во Втората светска војна. Како и да е , осудувањето на тоа дека војските убивале цивили не е ништо страшно, рече Заев.

На прашањето на новинарот дали се плаши од судир во Македонија, Заев одговори дека најверојатно тоа нема да се случи.

-Сите се плашиме од тоа , но уверен сум дека тоа нема да се случи. Доколку требаше да се случи, можеше да се случи многу порано. Со преговори дојдовме до тука. Среќен сум и горд што само со пенкало и глас го симнавме од власт режимот. Не мора да се лее крв за да панде некој режим, наведе Заев.

Бесрамни лаги

Неговото интервју на ХРТ го осуди целата македонска јавност. Во коментарот на весникот „Република“ Заев го нарекоа предавник.

-Заев ги предаде националните интереси. Бесрамно и упорно лаже. Голем срам е што некој кој сака да ја преземе власта во Македонија не ја познава историјата на сопствената земја и народ. Бидејќи точно се знае кој и кога ги тероризирал Македонците, наведува „Република“.

Тој весник додава дека Заев го преувеличува бројот на Албанците во Македонија, бидејќи нив ги има помалку од 20 проценти.

-Единствена цел му е да дојде на власт, па макар тоа да биде и на штета на сопствениот народ, пишува во кометарот.

Да потсетиме дека Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов минатата среда одби да му го даде мандатот на Заев, иако тој со три албански партии има мнозинство од 67 пратеници во парламентот од 120 места. Иванов наведе дека ниту Уставот, ниту совеста не му дозволуваат да го даде мандатот на некој што профатил планови правени во друга држава.

Неговата одлука е во склад со мислењето на мнозинството Македонци кои не сакаат албанска влада во Скопје, дури ни оние кои гласаа за Заев. Дури и неговите избирачи го осудуваат тоа што ги прифатил уловите на трите албански партии-ДУИ, БЕСА и Алијанска за Албанците.

Сметаат дека т.н. тиранска платформа ќе доведе до делење на земјата и дека Македонците ќе го загубат својот идентитет. На премиерското место повеќе би сакале да го видат повторно Никола Груевски, чија партија ВМРО-ДПМНЕ доби најголем број гласови на изборите во декември. Груевски одби да ги прифати условите на албанските партии, па Албанците му ја ускратија помошта и се свртеа кон Заев.

Груевски: Или нови избори или отфрлање на условите на Рама

Поранешниот премиер на Македонија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека за решение на кризата во земјата се можни два начини. Едниот е распишување на предвремени парламентарни избори во мај, а другиот е Зоран Заев да ја отфрли платформата на албанските парии.
-Најдобар излез се предвремените парламентарни избори. Прифаќањето на платформата направена во друга држава и на иницијатива на владата на странска држава не е во склад со нормалните текови на политиката во било која земја во светот, нагласи Груевски.
Тој, говорејќи за т.н. тиранска платформа рече дека е сигурен дека таа е донесена под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама.
-Партијата БЕСА наведе дека иницијативата и се што се случило стигнало од албанската влада и премиерот Рама. Признаа дека албанските партиит од Македонија биле повикани во Албанија за да разговараат за платформата која на крајот ја прифатиле. Заедно застанаа зад платформата осмислена во друга држава која се однесува на нашата држава, истакна Груевски.

Истече рокот за распишување на локални избори

Рокот за распишување на локалните избори во Македонија истече, а тие сеуште не се распишани. Проблемот е во тоа што Претседателот на собранието сеуште не е избран иако Парламентот е конституиран. Според македонскиот Устав само претседателот на собранието може да ги распише локалните избори.
Имано, конститутивната седница на Парламентот се одржа на 30 декември и на неа само беа верификувани мандатите на пратениците. Заседанието на кое треба да биде избран претседателот на парламентот не е одржано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top