| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книгата „Време на зборови“ на Благородна Абрашева Ноциќ во „Подрум“

Вечерва ќе биде промовирана книгата „Време во зборови“ на новинарката Благородна Абрашева Ноциќ. Промоцијата ќе почне во 20:30 часот во винскиот бар „Подрум“ во Т.Ц. Буњаковец.

Книгата претставува збирка од ексклузивни интервјуа објавени во период од три и пол години. Покрај разговорите, Абрашева Ноциќ изнесува и свои лични белешки и гледишта за соговорниците – истакнати писатели и новинари, потоа личности од балканската естрада, но и дел од најголемите кулинарски имиња во светот.

За книгата Сашо Мацановски Трендо ќе напише: „Импозантен е кастингот што Ноциќ успеала да го наведе на разговор. Полнокрвни ликови и силни индивидуалци со завиден професионален багаж. Тоа што нејзините соговорници често не се од овде ги прави овие разговори уште поскапоцени. За да не потонеме во едноличноста на темите и ликовите кои ни се нудат и да не се помириме со ниското небо во коешто удира нашата заинтересираност. Во таа смисла, ова што е пред вас е сосема надвор од вообичаените вкус и мирис на нашата медиумска сцена. Во мензата што постојано мириса или на грав или на зелка, Ноне со години ни шверцува скапоцени зачини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top