| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден великан ќе ги закачи копачките на клин, Чаби Алонсо реши да се пензионира

cabi alonso

Шпанскиот интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Чаби Алонсо, утрово ја потврди својата одлука сезонава да биде последна во неговата професионална кариера. Одличниот плејмејкер претходно најави дека не планира да потпише нов договор со Баерн, за денеска официјално да потврди дека на крајот од сезонава ќе се збогува од фудбалот.

– Го живеев фудбалот. Го сакав… Збогум, убава игро – напиша Алонсо на својот твитер-профил.

Чаби Алонсо во својата фантастична кариера има две титули европски првак, во 2005 и во 2014 година, титули светски и европски првак со шпанската репрезентација, како и шампионски трофеи во Примера дивизион и во Бундес-лигата.

– Не е лесна одлуката, но секогаш сум велел дека сакам да ја завршам кариерата на највисоко ниво. Можам да играм уште некое време, но чувствувам дека дојде моментот да се каже збогум. Мило ми е што се повлекувам како член на Баерн Минхен, што во последните сезони сум дел од семејството на баварскиот гигант – истакна Алонсо за „Баерн ТВ“.

Непогрешливиот Алонсо во својата кариера забележа и одлични настапи за „црвената фурија“, со која освои едно Светско првенство и два европски трофеи, додека од клупските трофеи сигурно најзначајни ќе му бидат оние освоени со Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top