| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: Никола Груевски е единствениот политичар во Македонија што ужива неприкосновена доверба од граѓаните (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ не размислува за реформи во партијата што би го засегнале лидерското место на претседателот Никола Груевски. Оваа тема беше одтворена на синоќешното гостување на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, во „Топ тема“ на „Телма“.

На прашањето дали доколку се постави на конгрес на партијата прашањето за одговорноста на Никола Груевски за ситуацијата во која не успеа да формира влада ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи тоа што го направи со Љубчо Герогиевски, Тодоров потсети дека Никола Груевски е политичарот што во моментов ужива неприкосновена доверба кај граѓаните на Република Македонија. Со другис зборови, тој ја отфрли можноста партијата да дискутира за промена на лидерот заради доближување до ЕУ и до НАТО.

-Ако ме прашувате лично, како човек, Никола ми е пријател, и јас не би се свртел против него. Ако ме прашувате како политичар, како дел од партија, од колектив, одговорот е, исто така, многу едноставен – тој е човек што има најголема доверба во Македонија во овој момент. И не ми е јасно од каде и зошто постои такво анимозитет кај некои луѓе против Никола Груевски кога во исто време тој е човекот што во овој момент има поголема доверба кај граѓаните во Република Македонија од сите политичари – рече Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top