Македонската фудбалска репрезентација бележи пад од едно место на најновото издание на листата на ФИФА и сега се наоѓа на 166. позиција. За првпат пред нас е и селекцијата на Косово, која е рангирана две места погоре, на 164. место.
Нашиот следен ривал во квалификациите, репрезентацијата на Лихтенштајн, со која ќе ги одмериме силите во Вадуз на 24. март, се наоѓа на 184. место. Од нашата група, Шпанија е десетторангирана, Италија се наоѓа на 15. место, Албанија е на 54. позиција, а Израел е две места подолу.
Во првата „десетка“ нема никаква промена. На водечкото место е Аргентина, пред Бразил и Германија. Потоа следуваат селекциите на Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба