Масовен протестен марш вечерва по петти пат се одржа и во Неготино. Пред присутните кои маршираа за заедничка Македонија говореше Олгица Димитрова, професор по македонски јазик и литература во Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј”.
– Оваа држава има свој Устав и свој закон, а со платформата на малцинството во Македонија, покрај македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, има воведување на албанскиот јазик и неговото писмо, рече Димитрова.
Таа повика на одбрана на јазикот зашто во спротивно, рече, се урива уставниот поредок на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.