Поранешниот играч на Милан, Џенаро Гатузо е кандидат за нов тренер на Палермо. Минатата година, Гатузо се пресели во Сион, а од февруари годинава имаше улога тренер-играч. Не ги исполни очекувањата, па заработи отказ.Оваа сезона Палермо го предводеше Џузепе Санино, но не успеа да обезбеди опстанок во Серие А, па во понизок ранг се пресели заедно со Пескара и Сиена.
Покрај дресот на Милан, Гатузо во својата кариера ги бранеше боите на Перуџа, Ренџерс и Салернитана. За репрезентацијата на Италија одиграл 73 меча и со „Аѕурите“ во 2006-та година ја освои титулата светски шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
И официјално: Реал Мадрид го „шутна“ Хулен Лопетеги!
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја