| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на Шекспировата трагикомедија „Венецијанскиот трговец“ во Драмски театар

Синоќа на сцената на Драмски театар премиерно беше прикажана трагикомедијата „Венецијанскиот трговец“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Наташа Поплавска.

Во претставата настапуваат Јовица Михајловски во улогата на богатиот Евреин Шајлок Диме Илиев ја толкува улогата на Првата дама, Тубал е Анастас Тановски, трговецот Антонио е Зоран Ивановски, Стефан Вујисиќ ја игра Порција, Златко Митрески е во улога на Ланселот, Дамјан Цветановски е Басанио, Григор Јовановски е Џесика, Марко Илиќ ја игра Нериса, Сергеј Димоски во улога на Грацијано и Јаков Спасов како Лоренцо. Едниствена жена во поделбата на улогите е Јана Стојановска, која го толкува ликот на раскажувачот, односно Актерот.

venecijanski-trgovec-02-520x346

Поплавска со оваа поделба на улогите за која претходно организирала отворен кастинг на кој се пријавиле 78 актери сакала да ни прикаже како се правел театар во времето на Шекспир. Тогаш жените немале право да ги толкуваат главните улоги. Нивните улоги ги толкувале млади момчиња чиј глас уште не бил променет.

Ова дело на Шекспир е едно од најмалку поставуваните текстови воопшто во светот, а кај нас се поставува по вторпат и тоа по 46 години. Во 1970 година во улогата на Шајлок се појавил Петре Прличко.

Алесандар Ношпал изработи прекрасни и раскошни костими за претставата, а посебен печат во претставата е и музиката која е дело на Јана Стојановска, Лука Ѓорѓиевски и на Андреј Блажевски.

Гостинката од Србија, актерката Маја Митиќ која се занимава со физички театар ги осмисли сценските движења, а кореографијата е на Ирена Лозинска. Автор на сценографијата е Емил Петро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top