недела, 20 јануари 2019 | Вести денес: 0 ново

Во понеделник комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар

Во понеделник на 10 декември во Драмски театар е најавена комеморацијата за македонскиот драмски писател Горан Стефановски.

Комеморацијата е закажана во 12 часот.

Покрај ансамблот на НУ Драмски театар Скопје, обраќање за делото на Горан Стефановски ќе имаат и претставници од Македонската академија на науките и уметностите, Факултетот за драмски уметности, Филолошкиот факултет и Друштвото на писатели на Р. Македонија.

Како дел од активностите посветени на Горан Стефановски, Драмскиот театар Скопје направи изложба со фотографии од сите претстави кои се одиграле на сцената на Драмски театар, а се напишани од овој великан.

Изложбата е веќе поставена, а ќе може да се гледа од 18:00 часот, пред почетокот на претставите на редовниот репертоар.

Инаку Стефановски почина на 66 години на 27 ноември.

Тој утринава беше кремиран во Кентербери, Англија, а по негова желба пепелта во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското Езеро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top