СДСМ и Зоран Заев се согласија за сите прашања од платформата за кои не треба промена на Уставот и двотретинско мнозинство. За прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и името се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.
Ова вечерва во емисијата 24 Анализа го изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, одговарајќи на прашањето што од оваа платформа, точно така како што пишува е договорено со СДСМ.
–За сите прашања кои што не бараат промена на Уставот е постигната согласност. За химна, за знаме, за прашањето за името кои што се таму спомнати се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение. Зборувам за прашањата кои што бараат двотретинско мнозинтсво. За другите прашања, кои се во рамки на Уставот е постигната согласност, рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.