Во Македонската опера и балет денеска ќе биде промовирано делото „Од Моцарт до мобилните телефони“ на Крсто Скубев. Книгата претставува културолошка студија за влијанието на мас-медиумите во обликувањето на музичкиот производ и одразот на тоа влијание врз консументите.
Скубев е дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје и магистер по културологија (во книжевноста). Член е на аматерски културно-уметнички друштва, долгогодишен член на АКУД „Мирче Ацев“, хорот на МРТВ, хорот на Операта на МНТ. Во МНТ работи од 1981 година. Толкувал неколку актерски улоги во Драмата на МНТ, како и солистички делници во Операта.
Промотори на ова дело ќе бидат Александар Прокопиев-рецензент и Марко Коловски-музиколог.
Издавач на книгата е Дирекцијата за култура и уметност на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.