| четврток, 6 декември 2018 |

Дурловски: Застанав да го бранам тоа што треба да се брани

durlovski-1-768x381

Платформа што ја донесоа македонски партии од албанскиот етнички блок во туѓа држава е нешто неприфатливо за секој граѓанин, смета уметникот и еден од организаторите на протестите „ЗА ЗАЕДНИЧКА Македонија“, Игор Дурловски.

– Верувам дека секој нормален во државава нема да прифати нешто што прво е донесено во странска држава, а притоа, во повеќе од тие точки, за мене е нешто што задира во македонскиот идентитет. Јас почувствував порив и желба. Не сум и не сум бил политички определен и никогаш не сум застапувал одредена политичка опција. Едноставно почувствував потреба да застанам и да го одбранам тоа што треба да се брани затоа што сметам дека сите ние во Македонија, почнувајќи од моите деца, мене, моите пријатели, моите сограѓани, треба да живееме во една нормална држава во којашто идентитетот и сите останати прашања коишто се клучни за една држава и за еден народ нема да ми бидат побиени, изјави Дурловски во „Отворено студио“ на ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top