| четврток, 6 декември 2018 |

Косово не е повикано во Охрид по барање на Србија

samit ohrid
Косово нема да учествува на регионалниот Самит во Охрид бидејќи не е суверена држава, потврдуваат од Кабинетот на претседателот на Србија Томислав Николиќ во изјава за „Данас” и од српското МНР за агенцијата „Танјуг”.

-Србија останува на барањето претставниците на Косово да не можат да учествуваат на овој регионален собир, изјавиле за „Данас“ од Кабинетот на Николиќ

-Косово не е повикано на охридскиот самит бидејќи Србија и уште две држави членки на ПСЈЕ ставија забелешка заснована на статутот на Самитот, кој предвидува дека можат да учествуваат само суверени и признати земји, а Косово тоа не е, велат од српското МНР за „Танјуг” .
Македонската Влада досега не се изјасни зошто не ги повика косовски преставници на самитот во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top