Бугарскиот парламент денеска ќе се обиде да ја заврши неколку месечната политика криза во земјата.
Претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев потпиша указ со кој го предлага за премиер Пламен Орешарски во новата технократска влада.
Претседателот на социјалистите Сергеј Станишев ги повика радикалите од „Атака“ да гласаат за владата на Орешарски, кого Европа го спореди со бившиот италијански премиер Марио Монти, бидејќи во спротивно ќе се приклучат на сценариото на ГЕРБ, на Бојко Борисов за политичка криза во земјата. Борисов, кој неодамна го врати премиерскиот мандат бидејќи не обезбеди мнозинство, тврди дека зад владата на Орешарски стојат лобисти и олигарси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


