Илија Несторовски тренира со намален интензитет по проблемите со мускулот на десната нога, а во Палермо веруваат дека ќе биде подготвен за настап против Торино, во недела од 15 часот.
Тој и голманот Посавец тренираа под посебен надзор на стручниот штаб на Палермо, а како што велат од клубот не се работи за сериозна повреда и голгетерот и ќе игра против „биковите“ од Торино.
Несторовски блеска во Серија А, откако минатото лето пристигна во редовите на клубот од Сицилија. Со 10 погодоци е убедливо најдобар стрелец на Палермо, а има и 3 асистенции. Со одлични настапи Илија го привлече вниманието на поголемите клубови, па за него има интерес од Фиорентина, Наполи, Севилја, Атлетико Мадрид, Евертон..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.