Актерката Џенифер Анистон блесна на доделувањето на „оскарите“ во долга, црна тоалета. Она што привлече внимание е и сумата на пари која ја потрошила за својот изглед. Сепак, најголемо внимание привлекоа трачевите дека славната актерка е бремена. Имено, мајката на Парис Хилтон била таа која ги пуштила овие гласини.
-Џенифер изгледа прекрасно. Тврдам дека е бремена со девојче- напиша Кети Хилтон, меѓутоа многу брзо и го избриша тој твит.
Убавата актерка е во брак со актерот и режисер Џастин Теру од минатата година, а во врска се веќе 6 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.