Кол Спраус, актерот што го толкуваше ликот на синот на Рос Гелер во култната серија „Пријатели“ се присети дека за време на снимањето бил лудо вљубен во многу постарата колешка Џенифер Анистон.
Спараус се појави во седум епизоди меѓу 2000 и 2002 година.
– Ми беше тешко да работам со Анистон, многу бев вљубен во неа – вели Кол, кој сега има 24 години.
Џен е постара од него 24 години, но нему тоа во тој момент не му било важно.
– Ги заборавав своите реплики веднаш штом ќе ја здогледав. Ми беше тешко – призна тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.