Џенифер Анистон е ѕвездата на последното издание на магазинот „Мари Клари“ каде што, освен за нејзиниот љубовен живот, одговорила и на прашањето зошто, конечно, го подигнала својот глас против таблоидите.
– Мојата семејна ситуација беше цел. Моите љубовни врски и раскинувања беа цел. Мојот развод беше цел. Цел живот ме ставаат на насловните страници и никогаш не сум реагирала на тоа на никаков начин. На крај си помислив: Зар јас цел живот работев и творев за да ме исмеваат на насловни страници и да ме опишуваат како „огоречно суштество без деца“? Не можев повеќе да молчам – изјавила актерката.
Американските таблоиди безброј пати досега шпекулираа дека актерката е бремена, но и пишуваа за разни причини поради кои таа, наводно, не може да забремени, што многу ја повредило.
Денес Анистон вели дека е посреќна од кога било, а неодамна ја прослави првата годишнина од бракот со Џастин Теро, за кој вели дека е вистинска личност за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.