По разводот со Анџелина Џоли, актерот Бред Пит повторно се поврзал со поранешната партнерка Џенифер Анистон. Поранешните сопружници си разменувале смс-пораки, објави „УС Викли“ повикувајќи се на неименуван извор.
Пит, кој според „Ус Викли“ го немал бројот од Анистон, нашол контакт преку пријатели, па ѝ испратил порака за да ѝ го честита 48. роденден на 11 февруари.
Наводно актерот, кој се бори за заедничко старателство врз децата со Џоли, ѝ се доверил на Џенифер.
– Бред ѝ кажал дека поминува низ тежок период по разводот и двајцата размениле неколку пораки потсетувајќи се на минатото – открил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.