Македонија Ѓорче Петров се враќа во Првата македонска фудбалска лига, а Гостивар ќе дебитира во највисок ранг следната сезона. Двете екипи денеска победија во последното 30. коло од Втората лига и се промовираа во нови членови на фудбалската елита кај нас.
Македонија Ѓ.П. со 3-2 го победи Скопје во директен дуела на двете првопласирани екипи, пред почетокот на последното коло и го испрати конкурентот во бараж. Гостивар профитираше од поразот на тимот од Автокоманда и со триумф над Победа од 5-1 ги прескокна на табелата, за втора позиција и пласман во Првата Лига.
Бараж натпревари со прволигашки екипи ќе играат Скопје и Еуромилк, на почетокот на јуни. Од Втората Лига испаднаа Тиквеш и Охрид, а штипски Баби ќе играат бараж за опстанок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


