| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини посакува мандат за платформата

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вечерва од Скопје порача дека смета оти претседателот Ѓорѓе Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и платформата за двојазичност во Македонија од Тирана.

По средбите со политичките лидери, Могерини истакна дека Европската унија била загрижена за моменталната состојба во Македонија и дека се надевала оти земјата набрзо ќе се врати на патот на евроинтеграциите.

Социјалдемократот Зоран Заев по средбата со Могерени, европски функционер од Италија, е задоволен што ЕУ останува посветена на иднината на Македонија, воедно повторно повикувајќи до претседателот да ја преиспита одлуката.

-67-те мандати се нормален услов за давање на мандатот за формирање влада, а ЕУ ќе ја поддржи идната влада за забрзано членство во Унијата – изјави Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top