| четврток, 6 декември 2018 |

Дурант се враќа на терените токму за почетокот на плејофот

USP NBA: GOLDEN STATE WARRIORS AT WASHINGTON WIZAR S BKN WAS GSW USA DC

Екипата на Голден Стејт вчера откри дека повредата на Кевин Дурант ќе го остави надвор од терените најмалку четири недели, што значи дека ќе биде подготвен за плеј-офот.

Тој би можел да се врати и во регуларниот дел од НБА лигата, бидејќи последниот меч на Вориорси е на шест недели од денеска. Дурант се повреди на стартот на натпреварот против Вашингтон, кога неговиот соиграч Заза Пачулиа падна директно врз неговата нога, што го натера да замине во соблекувалната.

Доколку се работеше за посериозна повреда ќе беше голем проблем за Голден Стејт, кои за да го доведат Дурант се откажаа од голем број на играчи, па зависноста од него е клучна за походот кон нова титула.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top