| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на книга за музичкиот гениј Шопен

На 9 март, во клубот на Младинскиот културен центар со почеток во 19,30 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Фредерик Шопен поетот на музиката“, чиј автор е македонската уметница, пијанистката Даница Стојанова.

„Книгата е наменета за сите млади уметници кои го изучуваат пијаното, но е напишана така да биде достапна и за широката популација, за сите вљубеници во најубавата уметност – музиката“, вели проф. Стојанова.

danica stojanova

Книгата е во издание на Друштвото за издавачка дејност „Паблишер“, а е поддржана од Министерството за култура.

Музиката на Фредерик Шопен е мост што ја поврзува Полска со светот, а сите нас не облагородува со своето богатство со кое бесконечно не задолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top