| четврток, 6 декември 2018 |

Од 2050 година светот ќе изгледа сосема поразлично, а оваа религија ќе доминира

До половината на 21 век, бројноста на верниците на планетата ќе се менува така што христијанството ќе го загуби приматот како вера која моментално е најбројна на светот. Од 2050 година тоа ќе биде исламот, покажало истражување на истражувачкиот центар „Пју“ од Вашингтон.

Пред седум години, на светот имало околу 1,6 милијарди муслимани, oдносно околу 23 отсто од глобалната популација. За споредба, во тоа време имало 2,2 милијарди христијани или 31 отстов од глобалната популација.

krst

Истражувачите од центарот „Пју” анализирале демографски податоци и откриле дека до 2050 година двете вери ќе се изедначат според бројот на верници, по што исламот ќе го преземе приматот.

Како што наведува извештајот, причина за тоа е фактот дека муслиманските семејства имаат повеќе деца од христијанските, иако во извештајот не се наведува дали причина за тоа е сиромаштија, традиција или вера.

Се нагласува дека муслиманите се помлади од христијаните. Бидејќи популациите во развиените земји се генерално стари, овие земји буквално се пензионираат и нивното место ќе го заземат мигранти. Исто така, истражувачите тврдат дека до 2050 година, десет проценти од европската популација ќе ја сочинуваат муслимани.

Според предвидувањата на центарот „Пју”, во 2050. година муслиманите ќе сочинуваат 2,5 проценти од американската популација, додека најмногу ќе ги има во Индија, околу 310 милиони или 18 проценти од популацијата на таа земја.

Извор: Blic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top