Редовното посетување на црква го продолжува животот за околу 25%. Ова е заклучокот на американски истражувачи од медицинскиот колеџ “Алберт Ајнштајн” и Универзитетот “Јешива” (Yeshiva University) во Њујорк.
Истражувачите истакнуваат дека не се обиделе да “измерат” духовноста, но да ја разјаснат улогата на религијата како фактор пресуден за навиките и нормите на однесување, вклучувајќи и употреба на алкохол, пушењето, режимот на исхрана, сексуалното однесување и сл.
Според експертите, цитирани од Ројтерс, верските општински организации и редовните групни настани придонесуваат за социјализацијата и психоемоционалното спокојство на луѓето и на тој начин – за подобрување на квалитетот на животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вера Мештеровиќ: Не е лесно да се биде самохрана мајка!
-
Актерката Верица Недеска го напиша сценариото и ќе го режира краткометражниот филм „Вера“
-
Премиера во Драмски: „Вера, љубов, надеж“ – претстава на Италијанецот Лука Кортина за неговите 12 години поминати во Македонија
-
Утре е голем ден-подарете нешто на вашите ќерки, ги празнуваме Вера, Надеж и Љубов